Ренова го претстави Филип Стојчевски

Македонскиот прволигаш Ренова го претстави Филип Стојчевски. 21-годишникот кој игра во средината на теренот пролетниот дел од минатата сезона го помина во грузискиот Сиони Бониши, каде во јануарскиот преоден рок стигна од Работнички.

Покрај за Работнички младиот фудбалер во македонскиот шампионат има настапувано и за Металург каде ги помина и младинските категории, Вардар и во Македонија Ѓорче Петров. Во првата фудбалска лига има запишано 42 настапа на кои постигна два гола и забележа пет асистенции.

Претходно Ренова потпиша и со Ален Јашароски, Сенад Хусиќ, Хадис Велии, Валон Незири и Ремзифаик Селмани.

Се вчитува...