Ренова го промовираше Кахримановиќ, следен е Мамаѕаде од Азербејџан

Ренова вечерва го промовираше Амир Кахримановиќ за нов играч. 22-годишниот хрватски интернационалец игра на позицијата играч за врска, а во минатото играл за Драва, потоа во австриски нисколигаши, во Сесвете, Дубрава, а бил дел од младинската школа на Динамо Загреб.

Тој играше и на пријателските натпревари во Охрид, а на едниот против Воска успеа дури и да се запише во листата на стрелците.

ЕКИПА дознава дека следен на потпис со „гипсарите“ е Назим Мамаѕаде. Станува збор за интернационалец од Азербејџан, 21 година кој игра во дефанзивниот дел од средниот ред. Тој беше на проба во Борец, но веројатно по комплетирањето на документацијата, ќе го стави „парафот“ со „гипсарите“.

Се вчитува...