Македонскиот прволигаш Ренова почна да го реновира составот пред настапот на европска сцена. “Гипсарите” ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа и за таа цел ќе се обидат да доведат неколку нови имиња во Тетово.
Ново засилување за Ренова е Емран Рамадани. Тој е повратник во клубот откако минатата сезона беше дел од Струга Трим Лум. Се работи за искусен и квалитетен офанзивец кој сигурно ќе го подигне квалитетот во тимот на Бујар Ислами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА