Ренова и Пелистер ремизираа без голови во Охрид… (ФОТО)

Ренова и Пелистер ремизираа без голови на пријателскиот натпревар во Охрид.

На дуелот кој се играше на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, двете екипи имаа свои шанси за победа, но на крајот мируваа мрежите на двете страни.

Силекс, пак, триумфираше со 2-0 против велешки Борец. Нешовски ги донесе кратовци до водство од 1-0 уште во 7. минута, а конечните 2-0 ги постави Мустафов во 85. минута.

На пријателскиот натпревар во Дојран, Беласица убедливо со 3-0 славеше против Осогово. Триумфот на струмичани дојде во последните 15 минути од натпреварот со хет-трикот на Радојчиќ.

Македонија ЃП славеше со 1-0 на третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Маврово. „Лавовите“ триумфираа против второлигашот Вардар Форино со голот на Кристијан Филиповски во 40. минута од натпреварот.

Се вчитува...