Ренова има предност во Штип по катастрофалната грешка на Денковски (ВИДЕО)

Ренова од 16. минута води во Штип, и покрај тоа што иницијативата беше на страната на Брегалница. Сепак, „гипсарите“ стигнаа до предност со еден комичен гол.

Фудбалерот на Ренова, Мурати во желба да ја избие топката од преку 40 метри, и ја упати кон голот. Кога се чинеше дека Денковски лесно ќе интервенира, му се лизна од рацете и заврши во неговата мрежа.

Ниту играчите на Брегалница ниту на Ренова не можеа да веруваат на овој гол на гостите.

Се вчитува...