Ренова ја доби ’контролката’ со Шкупи

Ренова триумфираше на пријателскиот натпревар против Шкупи (2-0), одигран на Градскиот стадион во Тетово. Тимот на Ќатип Османи беше подобар противник во текот на целиот натпревар, а Џелил Абдула и Емран Рамадани беа стрелци на погодоците во второто полувреме.

Екипата од Џепчиште до 30. јануари ќе остане во Тетово, а вториот дел од зимските подготовки ќе ги реализира во Охрид, каде ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари.

И двете екипи мака мачат во Првата лига, затоа што тимот од Чаир се наоѓа на седмата позиција, додека пак Ренова е едно место погоре на табелата.

Се вчитува...