Ренова ќе го пречека Скопје на вештачкиот терен во Тетово

Два прволигашки натпревари ќе се одиграат утре во Тетово. На Градскиот стадион во Тетово, Шкендија ќе го пречека Шкупи, додека Ренова деновиве бараше терен каде ќе го пречека тимот на Скопје.

Иако постоеше варијанта и во Гостивар, сепак, на крајот е одлучено натпреварот да се одигра на теренот на АМС со вештачка трева во Тетово.

Ова е првпат тука да се игра прволигашки натпревар на овој терен. Досега се играа второлигашки натпревари, и мечеви во пионерско-младински категории.

Се вчитува...