Ренсом од МЗТ 2 засилување за суперлигата за Гостивар

Кошаркарскиот клуб Гостивар потврди дека американскиот кошаркар Кахим Ренсом е нивно засилување за суперлигата во домашниот шампионат.

Ренсом во Гостивар доаѓа од редовите на МЗТ Скопје 2 каде настапуваше во регуларниот дел од сезоната.

„Кахим Ренсом е нов играч на КК Гостивар на плејмејкерската позиција. Доаѓа од тимот на МЗТ Уни Банка од каде што е еден од најдобрите стрелци во лигата со 18.71 поени по натпревар и еден од најдобрите 5 асистенти во лигата со 4.57 асистенции по натпревар. Се надеваме дека со успех ќе го носи дресот на нашиот клуб. Напред Гостивар!“, стои во соопштението на КК Гостивар. 

Се вчитува...