Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски првак, а нејзините играчи беа наградени со дарежливи парични награди за овој успех. Сепак, еден од 26-те репрезентативци одлучи да направи необичен потег и речиси целиот износ од еден милион евра, што го доби за освојувањето на првенството, го донираше на вработените во Шпанската фудбалска федерација.
Како што пишува шпанскиот весник „АС“, фудбалерот побарал неговиот идентитет да остане таен. Тој не сакал да привлекува внимание во јавноста ниту, пак, неговото име да се поврзува со овој гест.
Парите биле наменети за персоналот што бил со репрезентацијата во текот на речиси двомесечниот престој на Светското првенство и се грижел за организацијата на секојдневните активности. Станува збор за луѓе кои им пружале поддршка на играчите и на стручниот штаб надвор од теренот и учествувале во создавањето услови за постигнување на големиот успех.
Шпанската фудбалска федерација доби значителна парична награда за освојувањето на светската титула, а според претходните информации, секој од 26. репрезентативци добил премија од речиси еден милион евра. Еден од нив одлучил својот дел да им го отстапи на оние чија работа честопати останува надвор од вниманието на јавноста.
Идентитетот на фудбалерот се уште не е откриен, а шпанските медиуми шпекулираат дека во наредните денови ќе може да се дознае кој стои зад оваа донација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
