Стојменов од ФК Њу Старс пред трансфер во Шалке 04, Бошески на проба во Хајдук

Репрезентативецот на Македонија до 19 години и член на ФК Њу Старс, Гораст Стојменов е пред можност за продолжување на кариерата во германски Шалке о4.

Иако со свои само 17 години, Стојменов е веќе стандарден член на македонската репрезентација до 19 години што го издвојува како еден од најталентираните македонски фудбалери од генерацијата 2002. Токму по неговите настапи за својот клуб ФК Њу Старс и националниот тим сега следи поканата да се приклучи на подготовките на младинскиот тим на Шалке 04 до крајот на сезоната по што би било познато дали ќе ја продолжи кариерата во германскиот гигант.

Давид Бошески

А, уште еден член на ФК Њу Старс е пред можност за стартување интернационална кариера. И членот на генерацијата 2003, Давид Бошески престојниов месец ќе мине десетдневна проба во сплитски Хајдук, на покана на хрватскиот прволигаш.

ФК Њу Старс е еден од најпрепознатливите македонски клубови за работа со помлади категории. Потврда за тоа е пласманот и во финалето во Купот на Македонија во пионерска конкуренција, но и можноста за уште едно финале со генерацијата 2001 со која клубот стигна до полуфиналето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Се вчитува...