Македонката Рочи со феноменален гол со ножички – „ала ЦР7“… (ВИДЕО)

Македонската репрезентативка Гентијана Рочи запиша феноменален гол за својот ЈиПК во Првата финска лига.

Рочи постигна извонреден гол со ножички во триумфот на ЈиПК од 5-1, во кој беше стрелец и на уште два гола. Македонската фудбалерка, поранешна членка на Борец Велес и Наше Такси, финските медиуми, токму поради овој погодок, веќе ја споредуваат со Кристијано Роналдо именувајќи ја во своите извештаи како „ГР7“…

  • Голот на Гентијана Рочи може да го погледнете на временскиот исечок – 1:30…

Се вчитува...