Репрезентативките до 17 години втори на меѓународен турнир во Италија

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот изминатиов викенд учествуваше на силен меѓународен турнир што се одржа во Италија. Нашите млади фудбалерки имаа добар настап и го освоија второто место на контролниот турнир.

Во првиот натпревар против домаќинот Италија загубија со убедливи 5-0, за да во вториот меч против БиХ одиграат одличен меч за триумф од 2-1. Стрелци на погодоците на овој натпревар беа Ева Величковска и Анастасија Илиевска.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, на меѓународниот контролен турнир во Италија настапи со следните фудбалерки:

Голмани: Мартина Силјаноска (Атлетико), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Мина Ковачевска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Јована Павловска (Деспина), Јована Петровска (Атлетико);

Среден ред: Ева Конева (Скопје), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Деспина), Ива Јосифова (Тиверија), Ева Величковска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);

Напад: Ана Боризоска (Деспина), Настасја Накова (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина),  Сара Дика (Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (Скопје).

Се вчитува...