Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, им ги врачи дипломатските пасоши на фудбалските репрезентативци пред нивното заминување на Светското првенство.
Во таа пригода, министерот Конаковиќ истакна дека врачувањето на пасошите е израз на благодарност за придонесот што го даваат репрезентативците за промоција на Босна и Херцеговина, спортскиот дух и единството на меѓународната сцена.
Конаковиќ им посака на националниот тим многу успех и среќа на претстојното Светско првенство, јавуваат медиумите во БиХ.
Да ве потсетиме, Един Џеко и неговите соиграчи обезбедија учество на најголемата фудбалска изложба ова лето по квалификациите за Светското првенство и победата над Велс и Италија.
Репрезентативците на Босна и Херцеговина се подготвуваат за Светското првенство од почетокот на неделата, а во петок ќе го имаат првиот тест од своите подготовки против репрезентацијата на Македонија.
Светското првенство започнува на 11 јуни, а Босна и Херцеговина е во групата Б со Канада, Швајцарија и Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
