Репрезентативците со поддршка за Тихомир Костадинов: „Со тебе сме дете златно“

Македонскиот репрезенативец Тихомир Костадинов, немаше среќа во изминатото коло во полскиот шампионат. Играчот од средниот ред заработи тешка повреда, ги скина лигаментите на коленото и сега го чека долга рехабилитација и долга пауза.

Ако биде се според планот, тогаш Костадинов би требало да се врати некаде кон крајот на оваа година. Тоа значи дека ќе ги пропушти репрезентативните натпревари во Лигата на Нации во јуни и во септември.

Многу пораки на поддршка стигнуваат од сите страни за Тихомир Костадинов. Пред се од неговите соиграчи од репрезентацијата кои му испраќаат желби за брзо закрепнување. Пораки испрати капитенот Стефан Ристовски, голманот Столе Димитриевски, потоа Никола Серафимов, Стефан Ашковски, како и другите фудбалери кои се дел од националниот тим.

Се вчитува...