Рецептот за трофеј во ЛШ е јасен – ангажирајте си Хрват!

Лука Модриќ, играчот на Реал Мадрид вчера дојде до својот петти пехар во Лигата на шампионите. Хрватот имаше свој удел во одличната сезона за „кралевите“ која ја зачинија на крајот со големиот трофеј во најелитното европско натпреварување. Модриќ претходно го освојуваше пехарот и во 2018, 2017, 2016 и 2014 година.

Интересно е тоа што во последните десет сезони барем еден фудбалер од Хрватска го подигнуваше трофејот во Лигата на шампионите. Серија ја почна Манџукиќ во 2013 година кога со Баерн успеа да се закити со пехарот, па следуваше Модриќ со Реал во 2014. Во 2015 Барселона со Ракитиќ во составот, а во 2016, 2017 и 2018 година Модриќ и Ковачиќ го подигнуваа трофејот.

Во 2019 Ловрен успеа да го освои со Ливерпул, во 2020 Перишиќ со Баерн Минхен. Во 2021 Ковачиќ со Челси, и оваа година повторно Модриќ со „кралевите“.

Значи, тоа е рецептот за да се дојде до трофеј во најелитното европско натпреварување.

Се вчитува...