Револт на кајакарскиот клуб Бабуна: Наш учесник на ЕП не доби ваучер, а доби пензиониран кајакар без ниту еден настап!

И дел од кајакарските клубови во Македонија се револтирани од начинот на распределбата на ваучерите за 2020 година.

Од Кајак-клуб Бабуна од Велес се револтирани поради, како што велат, намерното девалвирање на резултатите на нивните спортски преку поништување на Државното првенство од страна на Кајакарската федерација на Македонија.

„Кајакарската федрација на Македонија односно Комисијата за ваучери, свесно и намерно ја омаловажува и деградира најтрофејната дисциплина во државата кајак-слалом а посебно Кајак-клуб Бабуна од Велес со тоа што по завршување на сезоната 2020 го прогласува Државното сениорско првенство за неважечко иако нема ингеренции за ова. Сето тоа со цел подоцна при бодувањето за ваучерете за 2021 година намерно Кајак-клубот Бабуна кој е државен првак за 2020 година да го смести на претпоследно место и добие низок ваучер, а одредени клубови ги фаворизира за да добијат што поголем ваучер иако немаат резултати за истото“ – вели во реакцијата до нашата редакција претседателот на Кајак-клуб Бабуна, Роберт Папазов, притоа дополнувајќи:

„Иако ние како клуб навремено реагиравме до КФМ и до централната комисија за евалуација на ваучери формирана од АМС  дека ранг листата на клубови е далеку од реална и добивме ветување дека истата ќе биде корегирана и реално изготвена сепак по објавувањето на ваучерите за 2021 најуспешниот клуб во државата е претпоследен со најнизок ваучер а најслабите клубови со далеку повисоки ваучери. Исто така кајакарот со најдобар резултат во 2020 година односно полуфинале и 23. место на Европско првенство за сениори до 23 години, а член на Кајак-клуб Бабуна Велес, не доби ваучер а пензиониран кајакар кој нема ниту еден настап во 2020 година доби ваучер. Каква е оваа порака која се испраќа до спортистите? Нечесни, неспортски, некоректно однесување на грбот на младите спортисти“.

Се вчитува...