Револуција: ФИФА го менува правилото за играње со рака

Ниту користењето на ВАР-системот не може да даде конкретна одлука дали има пенал или не, кога станува збор за играње со рака на противнички фудбалер. Токму затоа ФИФА сака да го промени пишаното правило за овој дел од играта, со конкретни сугестии кога арбитрите треба да покажат на белата точка, а кога играњето ќе се смета за „случајно“.

Како што јавува германскиот весник „Билд“, замислата е зборот „намерно играње“ целосно да се избрише од правилникот кога станува збор за санкција на играњето со рака. Наместо тоа ќе биде користен зборот „природно движење“. На судиите ќе им биде сугерирано да гледаат на позицијата на раката споредбено со „стрелките на часовникот“, и тоа на следниот начин:

– Доколку играњето со рака е во делот „меѓу 9 часот и три часот“ (крената над вообичаено хоризонтално испружена рака), тогаш ќе се суди пенал.

– Доколку играњето е „меѓу осум и девет часот“ или меѓу „три и четири часот“, тогаш се остава судијата сам да процени дали да покаже на белата точка.

– Доколку играњето со рака е „меѓу четири и осум часот“ (со раката насочена надолу), тогаш нема да се суди пенал.

Се вчитува...