РФМ со награда за судиите Начевски – Николов

Ракометната Федерација на Македонија на денешното редовно Собрание донесе одлука за еднократна награда за судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои ќе добијат по 1.000 евра за беспрекорната абритража во текот на годината, крунисана и со добиената чест да бидат судии за големото финале на СП 2023.

Предлогот го даде претседателот Живко Мукаетов, посочувајќи дека Начевски и Николов со години наназад максимално професионално ја вршат задачата, судат финалиња на сите големи натпреварувања, за што заслужуваат награда од куќата на ракометот.

Предлогот на претседателот за еднократна награда во висина од по 1.000 евра за Начевски и за Николов беше едногласно прифатен од страна на членовите на собранието.

Се вчитува...