Рибакина: Имав повреда, но успеав да стигнам до титулата

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е шампионка на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен откако во трилер финалето во три сета со 2-1, по сетови 6-4, 5-7 и 6-2 славеше над Арина Сабаленка од Белорусија.

Казахстанската тенисерка со руско потекло, Елена Рибакина, не штедеше зборови по победата на УС Опен.

„Не знам што да кажам, како да ги најдам вистинските зборови; многу ја почитувам. Стигнав до финалето иако имав проблем со повреда. Играв против вистинска легенда. Таа беше онаа што ме натера да ги надминам сопствените граници и да се борам до последниот поен. Вечерва не можам да ги најдам вистинските зборови – ви благодарам на сите. Ви благодарам и на сите вас што дојдовте и навивавте за нас“, рече Рибакина.

Се вчитува...