Рибакина во епско финале преку Сабаленка до титула на УС опен

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е шампионка на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен откако во трилер финалето во три сета со 2-1, по сетови 6-4, 5-7 и 6-2 славеше над Арина Сабаленка од Белорусија.

Откако двете тенисерки во голема борба си поделија по еден сет, Казахстанката издоминира во последниот за триумф од 6-2.

За Рибакина ова е трета гранд-слем титула во кариерата откако претходно ги освојуваше и Австралија опен годинава и Вимблдон во 2022 година, а од утре ќе биде и прва на ВТА листата.

Се вчитува...