Рим е обоен во црвено, Лацио остана без шанси за ЛШ

Рома славеше во градското дерби против Лацио со 2-0 во претпоследното коло од Серија А, со што „волчицата“ стави крај на надежите на „лацијалите“ дека би можеле да стигнат дo Лигата на Шампионите наредната сезона.

„Сино-белите“ го отворија резултатот, но голот беше поништен со ВАР, по што Мхитаријан го постигна водечкиот погодок за Рома пред самиот крај на првото полувреме. „Лацијалите“, кои се наоѓаат во резултатска криза, се обидоа да стигнат до израмнување, но наместо тоа Рома го постигна и вториот гол, преку Педро во 78. минута.

 

Се вчитува...