Ристевски и Ујпешт во финалето на Купот на Унгарија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски и неговиот Ујпешт се пласираа во финалето на Националниот куп на Унгарија, откако во првото полуфинале славеа над Кисварда со 0-1.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 54. минута кога Беридзе стрелаше за победа на гостите. Ристевски одигра уште еден одличен натпревар како дел од одбраната која што успеа да се одбрани и да слави во куп полуфиналето.

Во финалето, дефинитивно ќе имаме македонска пресметка бидејќи Ристевски и Ујпешт, го очекуваат подобриот од дуелот меѓу МТК на Миовски и МОЛ Фехервар на Висар Муслиу.

Се вчитува...