Ристевски стрелец во победата на Ујпешт, во меч со девет гола (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски се запиша во листата на стрелците во неверојатната победа на Ујпешт од 5-4 против Залаегерцег во 33. коло од шампионатот на Унгарија.

Ујпешт по првото полувреме имаше предност од 3-1, но откако гостите израмнија, во 70. минута Кире Ристевски погоди за водство од 4-3 на својот тим.

Залаегерцег повторно израмни на 4-4 во 79. минута, но Ујпешт до триумфот од 5-4 дојде со гол на Беридзе во 90. минута.

 

Се вчитува...