Ристовска: Слабиот старт беше клучен за поразот од Франција

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Франција 14-24 во натпревар од 1. коло во Ц групата на Европското првенство 2022 година.

Капитенот на Македонија, Сара Ристовска по мечот вели дека слабиот старт на мечот бил клуч за поразот од Франција.

„За жал почнавме многу лошо. Имавме многу технички грешки и многу промашени шутеви. Кога го дадовме првиот погодок бевме премногу возбудени. За мене е добар меч бидејќи и покрај се, се боревме до крај. Се надевам дека во понеделник ќе одиграме подобро против Холандија и ќе се обидеме да победиме со што би се пласирале во втората рунда“, изјави Ристовска. 

Се вчитува...