Ристовски беше стартер, Спортинг загуби од Порто во Купот

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски доби шанса да биде стартер во составот на Спортинг Лисабон на дерби дуелот против Порто во Купот на Португалија. Тој одигра 74.минути на овој дуел, а Спортинг Лисабон забележа пораз од 1-0. Сепак, реваншот ќе се игра во Лисабон, па се уште е отворен патникот за пласман во финалето.

Стрелец на победничкиот гол за Порто беше Тикињо Соареш во 60.минута од натпреварот. Во самата завршница, Спортинг Лисабон остана и со играч помалку поради исклучувањето на Акуња.

Се вчитува...