Ристовски: Чуда се случуваат само ако верувате во нив, и ако ги создавате…

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски повторно доживува ѕвездени мигови во својата фудбалска кариера. По траорните денови минати во Спортинг Лисабон и неправедниот однос од страна на клубот кон него, Ристовски со трансферот во Динамо Загреб доживува втора фудбалска младост.

Веднаш доби 100% доверба од стручниот штаб на хрватскиот шампион, веќе со стандарден првотимски статус и одлични партии на теренот. Една таква демонстрираше и синоќа во сензациската победа на Динамо Загреб против лондонски Тотенхем и пласманот во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Сосема очекувано, по мечот Ристовски, како и останатите фудбалери на „модрите“, не го криеше задоволството од елиминацијата на тимот на Жозе Мурињо.

„Чуда се случуваат само ако верувате во нив… Ако создавате чуда, тие и ќе се случат… Динамо е чудо, и сите ние сме вредни чуда“ – напиша Ристовски по синоќешната победа на својот Инстаграм профил.

Се вчитува...