Ристовски: Кога ќе дојдеш во Спортинг, гледаш колку е тоа голем клуб

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски полека се наметнува во својот нов клуб, португалскиот гигант Спортинг Лисабон, и открива каква е неговата секојдневна борба за докажување во „зелено-белиот“ дрес. Тренерот Жорге Жесус секогаш го бара најдоброто од своите фудбалери, а Ристовски се обидува да се наметне.

„Кога ќе дојдеш во Спортинг Лисабон, и ќе мине некое време, дури тогаш ќе сфатиш колку е Спортинг голем клуб. На секој натпревар не гледаат по 40.000 фанови, кога сме во карантин не смееме да излеземе од новинарите кои таму постојано чекаат да земат изјава, а во пресрет на натпреварите против големите ривали Порто и Бенфика, камерите го следат клупскиот автобус. Тоа мислам дека доволно отсликува каков клуб е Спортинг Лисабон во Португалија, а и во европски рамки“, вели Стефан Ристовски.

Во прв момент, јазичната бариера е најголемиот проблем, но Стефан добил многу корисен совет и од својот поранешен тренер Кек од Ријека.

„Доколку не го знаеш јазикот кога ќе дојдеш, тогаш си седиш замислен во некое ќоше, а никој нема да дојде ниту да те поздрави. Тоа ми го кажа и поранешниот тренер Матјаж Кек од Ријека. На никого едноставно не му е грижа за тебе, мораш сам да се избориш“, посочува десниот бек на македонскиот национален тим.

Се вчитува...