Ристовски: Осминафинале во Лига Европа е премија за мене, по еден бурен период

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски синоќа не го криеше задоволството од пласманот со Динамо Загреб во осминафиналето во Лигата на Европа.

По турбулентниот период во Спортинг Лисабон, Ристовски веднаш ги демонстрираше своите квалитет во Динамо Загреб добивајќи без исклучок стандардно место во првиот тим на „модрите“.

„Пласманот во осминафиналето од Лига Европа е награда за целата екипа, а лично за мене е една голема премија. По бурниот период во Спортинг Лисабон, доживувам навистина прекрасни моментив кои искрено и не ги очекував така брзо. Му благодарам на тимот што се погрижи да се чувствувам како дома. Среќен сум што и на вториот дуел против Краснодар игравме добро и заслужено победивме“ – изјави Ристовски за „Спорт арена“.

Се вчитува...