Ристовски повторно и донесе победа на Трнава

Младиот македонски интернационалец Милан Ристовски повторно и донесе триумф на Спартак Трнава (1-0) на гостувањето кај Тренцин. Ристовски погоди од пенал во 15. минута за нови три бода за словачкиот прволигаш.

Спартак Трнава со победата сега се израмни бодовно со третата Жилина, по 41 бод, шест помалку од втората Дунајска Стреда. Тој во Трнава е на позајмица откако минатата сезона исто така имаше успешна авантура како член на Нитра.

Се вчитува...