Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски после натпреварот против Португалија истакна дека и покрај желбата за добар резултат, Португалија ги искористи грешките и заслужено славеше триумф.
„Кога играте против вакви селекции, против вакви играчи како Роналдо и Бруно, не е дозволиво да правите грешки. Тоа се случи и Португалија ги искористи. После првиот гол дадовме се од себе да израмниме, но вториот гол реши многу работи“, вели Ристовски.
Тој потврди дека ќе навива за Португалија, со оглед дека неговиот син е роден таму и поседува португалски пасош.
„Секако дека ќе навивам за Португалија, се чувствувам малку Португалец. Мјот син е роден тука, имам португалски пасош, и сакам да ја видам оваа селекција како го освојува Светското првенство“, рече Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА