Роден победник: Аргентинците во транс, а Скола „ладен како шприцер“ (видео)

Аргентинските кошаркари еуфорично ја прославуваа победата над Србија и пласманот во полуфиналето од СП 2019, а само еден „гаучос“ беше мирен и „ладен како шприцер“. Погодувате, најискусниот Луис Скола, кој во кариерата има победувано и посилни ривали од оваа српска репрезентација, но и што е уште поважно, кој знае дека вистинските предизвици на ова СП допрва им претстојат на Аргентинците.

Додека соиграчите му скокаа од радост, Скола влезе мирно во соблекувалната, им честиташе на репрезентативните колеги и не се приклучи на еуфоријата.

Впрочем, Скола во својата колекција трофеи има олимписко злато (од Атина 2004) и мундијалско сребро (Индијанаполис 2002) и знае дека работата во Кина се уште не е завршена.

Се вчитува...