Родик: Баш да го видам Ѓоковиќ, да губи гранслем трофеи поради вакцината

Изјавата на Новак Ѓоковиќ дека не сака да биде добие вакцина за заштита од коронавирус предизвика огромно внимание не само во спортските кругови, туку и во целокупната светска јавност во овој период на пандемија и трка за што побрзо наоѓање на лек за Ковид-19.

Поранешниот американски тенисер Енди Родик е со став дека тениската сезона може да продолжи само откако ќе постои вакцина, а се осврна и на изјавата на Србинот.

„Баш би сакал да го видам Ѓоковиќ, да губи гранслем трофеи затоа што не сака да се вакцинира. Тогаш ќе видиме колку навистина верува во она што го кажа“, порача Родик.

Се вчитува...