„Родри го извести Реал дека ја избра Барселона“

Веќе нема никакви дилеми, Родри ја избра Барселона пред Реал Мадрид откако состанокот на директорот Деко со шпанскиот ас се покажа како целосен успех.

МВП фудбалерот од последниот мундијал долго беше поврзуван со Реал Мадрид и беше речиси сигурно дека „кралскиот клуб“ ќе му биде следна дестинација во кариерата, за на крај Барса за помалку од 48 часа да направи целосен пресврт.

Понудата за плата од 15 милиони по сезона е прифатена заедно со сите останати детали, а се очекува во наредните денови да биде најден заеднички јазик и со Манчестер Сити, со понуда од околу 60 милиони евра.

Агентот на Родри, Баркеро, синоќа ја потврди одлуката на својот клиент, обелоденувајќи дека за неа било известено и раководството на Реал.

„Од почит кон Реал, чии претставници се однесуваа беспрекорно во текот на преговорите, Родри самиот им се јави за да ги информира за својата одлука дека сепак сака да замине во Барселона“, откри Баркеро.

Се вчитува...