Реал остана без планираното засилување: Родри кажа „да“ на Барселона

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, дал согласност кариерата да ја продолжи во Барселона, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Според истиот извор, шпанскиот репрезентативец му дал зелено светло на спортскиот сектор на каталонскиот гигант, со што Барселона сега може да ги започне официјалните преговори со Манчестер сити околу висината на трансферот.

Сепак, договорот сè уште не е финализиран, бидејќи двата клуба треба да ги усогласат условите. Англиските шампиони, според шпанските медиуми, нема да разгледуваат понуди пониски од 50 милиони евра.

Интересот на Барселона за Родри значително се засили поради неизвесната ситуација со Френки де Јонг. Холандскиот репрезентативец моментно се лекува со конзервативен третман поради повреда, но постои можност да мора да оди на операција, што би го оддалечило од терените меѓу четири и пет месеци.

Во изминатиот период интерес за Родри покажуваше и Реал Мадрид, но според „Марка“, Барселона во меѓувреме ја презела водечката улога во трката за потписот на еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Се вчитува...