Родри откри зошто го одби Реал Мадрид

Еден од најголемите трансфери минатото лето можеше да има сосема поинаков епилог. Веднаш откако стана светски шампион со Шпанија, Родри имаше можност да избира меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Реал сериозно го посакуваше освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство во 2026 година, но играчот од средниот ред на крајот се одлучи за Барса. Во изјава за „Мундо Депортиво“, фантастичниот фудбалер истакна дека парите не биле пресудни, туку дека сметал оти стилот на Барселона повеќе му одговара и дека тоа е средина во која може да направи поголем чекор во кариерата.

Воедно, родениот мадриѓанец ги демантираше тврдењата дека врз неговата одлука влијаел односот на мадридскиот клуб кон доделувањето на „Златната топка“ во 2024 година, кога Родри беше во конкуренција со Винисиус Жуниор.

„Не е точно дека го одбив Реал Мадрид поради тоа што го бојкотираа доделувањето на ‘Златната топка’. Тоа не ме погоди во тој момент. Тоа беше мој посебен ден. Нема смисла да се зборува за луѓе што не беа присутни на церемонијата. Тоа беше прекрасен момент за мене и за моето семејство“, изјави Родри. 

Иако го избра најголемиот ривал на Реал, Родри зборува за мадридскиот клуб со голема почит.

„Да му се каже ‘не’ на Реал Мадрид не беше лесно, особено затоа што се однесуваа навистина добро кон мене. Одлуката ја донесов од спортски причини се водев од она што повеќе ме привлекува и од тоа каде чувствувам дека можам да освојам најмногу трофеи и да напредувам како играч“, заврши Родри. 

Се вчитува...