Навивачите на Барселона имаат причина за задоволство откако каталонскиот гигант го договори трансферот на Родри, крадејќи го големиот ас пред носот на големиот ривал Реал Мадрид.
Преговорите со Манчестер Сити вродија со плод, Барса плати 60 милиони евра (плус 11 врзани со неколку клаузули), по што Родри доби зелено светло и шпанскиот плејмејкер попладнево слета во каталонската престолнина.
„Сонот ми се исполни со тоа што сум овде, едвај чекам да се запознаам со новите соиграчи, иако голем дел од нив познавам од шпанската репрезентација. Ќе одиме по сите трофеи“, кратко порача Родри пред аеродромот „Ел Прат“, предизвикувајќи еуфорија меѓу приврзаниците на каталонскиот гигант.
Шпанецот утре ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и потпис на четиригодишен договор со каталонскиот гигант.
Тој се уште не е фит по повредата на грбот, па за дебито за Барселона најверојатно ќе почека до крајот на овој месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
