Ројс: Би сакал Халанд да остане, може многу да напредува во Борусија

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс откри дека на Ерлинг Халанд му советувал да остане во таборот на Борусија Дортмунд, затоа што може многу да напредува во тимот.

„Халанд!? Му кажав дека посакувам да остане. Може многу да напредува во нашиот тим, и многу да придонесе за успесите. Јас би сакал да биде со нас уште долго и искрено се надевам дека тоа ќе се случи, а на него е одлуката дали ќе замине. Тука има се што му е потребно да напредува и да успева“, изјави Ројс.

Ројс е еден од оние кои ги одбиваше богатите понуди да остане во Борусија Дортмунд, и веројатно во овој тим ќе ја заврши кариерата. Тој има договор до 2023 година, но и натаму не се почнати преговорите за нов договор.

„Не сме почнале преговори за нов договор, но мислам дека тоа нема да биде проблем. Оваа сезона задоволен сум од изданијата и добро се чувствувам“, изјави Ројс.

Се вчитува...