Ролан Гарос ги рефундира парите за купени билети

Организаторите на Ролан Гарос почнаа со рефундирање на парите на навивачите за купените карти. Отвореното првенство на Франција требаше да се одржи од 24. мај до 7. јуни, но поради пандемијата од коронавирусот е одложено за периодот од 20. септември до 4. октомври.

Тениската федерација на Франција објави дека организаторот на навивачите ќе им ги врати парите за купените влезници, но тоа се уште не значи дека турнирот е дефинитивно откажан.

Парите ќе бидат вратени до крајот на мај, а во моментов се поставува прашање дали Ролан Гарос воопшто ќе се одржи сезонава и дали има шанси годинава да гледаме тенис.

Се вчитува...