Ролан Гарос ќе се игра, и тоа пред публика

Раководството на Ролан Гарос повлече вистински потег кога го одложи гранслем турнирот за неколку месеци наместо целосно да го откаже, како што сторија Британците со Вимблдон. Откако ситуациата со Ковид-19 почна да се стабилизира, главните организатори на турнирот го соопштија новиот датум за одржување на Ролан Гарос, од 20 септември до 4 октомври 2020 година.

Воедно, првиот човек на Тениската Федерација на Франција, Бернард Гудичели, најави дека се големи шансите мечевите од овој гранслем турнир да се играат со публика на трибините.

Го избегнавме најлошото – тоа е откажување. Имаме задоцнување од неколку месеци, но го спасивме најголемиот турнир на земја подлога. Сега преминуваме на вториот чекор од организацијата, доаѓањето на публиката. Трибините нема да бидат преполни како досега, но нема да бидат ниту празни“, изјави Гудичели.

Се вчитува...