Рома му врачи отказ на Ди Франческо

Рома и официјално му врачи отказ на тренерот Еузебио Ди Франческо.

„Волчицата“ синоќа се збогуваше од Лигата на шампионите откако загуби во реваншот од Порто со 3-1. Само неколку дена претходно Рома загуби и од Лацио во Серија А, па уште од тогаш се навестуваше можност за заминување на Ди Франческо.

Попладнево клубот информираше дека Еузебио не е повеќе тренер на клубот…

„Рома му се заблагодарува на Ди Франческо за се што направи за нашиот клуб. Му посакуваме многу среќа во иднина“ – информираа од Рома.

Се вчитува...