Рома подготвува нов договор за Един Џеко

Калчолигашот Рома подготвува нов договор за репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, пренесува „Газета дело спорт“. Минатата сезона Џеко беше на чекор до преселба во Интер, но двата тима не успеаја да се договорат околу цената на обештетувањето, па трансферот пропадна.

Иако и понатаму има можност тој да премине на „Џузепе Меаца“, сепак од „волчицата“ се подготвени да му понудат нов договор како не би дозволиле повторно да биде „украден“ еден од најдобрите фудбалери во клубот, нешто што на Рома во последните години често и се случува. Рома е подготвена на Џеко да му понуди нов тригодишен договор кој ќе биде финансиски поголем од актуелниот.

Доколку, Џеко се обврзе на верност кон Рома и во следните три години тој на „Олимпико“ ќе остане до 2023 година кога веќе ќе има 34 години.

Се вчитува...