Рома преку Сампдорија се врати на победничките патеки во Серија А (ВИДЕО)

Рома вечерва ја победи Сампдорија на гостински терен со 1-0 во рамки на 10-то коло од италијанската Серија А.

Нaтпреварот го отвори Лоренцо Пелегрини преку пенал уште во 9. минута. Домаќините постојано се обидуваа да се вратат во игра но не успеаја да ја анулират предноста до крајот на првото полувреме.

„Волчицата“ ниту во вториот дел не и дозволи било каква надеж на Сампдорија, откако во целост го „затвори“ шеснаесетникот успевајќи да ја зачува минималната предност за враќање на победничките патеки.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...