Рома се вклучи во трката за Кавани

Италијанскиот калчолигаш Рома е најновиот клуб кој е заинтересиран за напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани. Тој ова лето ќе биде слободен агент и би можел да се врати во Италија. Според медиумите на Апенините, Рома му нуди на Уругваецот одлични услови за да се врати во Серија А.

Кавани и дефинитивно ќе се раздели со ПСЖ со оглед дека договорот му истекува на крајот на јуни, а одби да го продолжи дури и за настапите во Лигата на шампионите кои поради коронавирусот се поместени за во август.

За Кавани постои интерес од многу клубови со оглед дека е слободен агент. Тој е во преговори со Атлетико Мадрид, за него се интересираат Барселона, Интер, Челси, а сега и Рома. Уругвајскиот напаѓач оваа сезона одигра 22 натпревари за ПСЖ, постигна седум гола и забележа три асистенции.

Се вчитува...