Рома се врати на победите: Убедливо против „фенерџијата“ Киево

По двете едноподруго ремија, Рома повторно се врати на победите во Серија А. „Волчицата“, сосема очекувано, триумфираше убедливо со 0-3 во првиот натпревар од 23. коло на гостувањето против „фенерџијата“ Киево.

Гостите до предност дојдоа уште во 9. минута со погодокот на Ел Шарави, на 0-2 зголеми Един Џеко во 18. минута, а конечните 0-3 ги постави Коларов во 51. минута од натпреварот.

 

По оваа победа Рома со 38 бода повторно се проби на четвртата позиција на табелата, со два бода помалку од третопласираниот Интер.

 

Се вчитува...