Романија ремизираше со Германија во последната контрола пред ЕП 2022

Ракометната репрезентација на Романија одигра реми 29-29 против Германија во последниот контролен натпревар пред Европското првенство кое од 4. до 20. ноември ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Првото полувреме помина во егал на двете страни, а за нијанса подобри беа Романките кои на пауза заминаа со минимална предност од 15-16. Во вториот дел продолжи израмнетата игра, а за разлика од првите 30 минути, во вторите Германките беа за гол подобри, па на крајот натпреварот заврши реми (29-29).

Европското ракометно првенство стартува на 4. ноември. Романија првиот меч ќе го одигра со репрезентацијата на Холандија на 5. ноември, додека во последното коло од групната фаза кое ќе се игра на 9. ноември, Романките ќе се сретнат со репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...