Романките со нов селектор ќе дојдат на ЕП во Скопје

Договорот на Адриан Василе, актуелниот селектор на женската репрезентација на Романија истекува на 30 јуни, а денеска, романските медиуми потврдуваат дека нема да биде продолжен. Новото раководство на романската федерацијата, предводено од Константин Дин, ќе назначи нов селектор на женската селекција.

Флорентин Пера, тренерот на ЦСКА Москва каде што игра нашата репрезентативка Сара Ристовска е најсериозниот кандидат, а опција е и поранешната ракометарка Маријана Тирка.

Романија на ЕП 2022 ќе игра во Скопје, а покрај Македонија, ќе се сретне и со Франција и Холандија во првиот дел од шампионатот. Три репрезентации продолжуваат во главната рунда што исто така ќе се игра во Скопје, а ќе вкрсти со трите подобри екипи од квартетот Шпанија, Црна Гора, Германија и Полска кои пак во првиот дел ќе играат во Подгорица.

Се вчитува...