„Романтичарите“ се негативни на Covid-19, одат на подготовки во Охрид и веднаш ќе играат со Пелистер

Македонскиот прволигаш Работнички ги надмина проблемите со коронавирусот. Тимот на „романтичарите“ денеска патува на подготовки во Охрид. Клубот ги испочитува сите протоколи по појавувањето на еден случај на позитивен тест на коронавирусот, а по повторното тестирање сите останати фудбалери се негативни, објавија дебармаалци на официјалниот сајт.

Експедицијата заминува на подготовки во Охрид и вечерва (18.30 часот) ќе го одигра и закажаниот пријателски натпревар против Пелистер на стадионот „Билјанини извори“.

Фудбалерот кој беше позитивен на Covid-19 останува во самоизолација по што ќе мора да го мине и вториот тест на коронавирус пред да се приклучи на подготовките со останатиот дел од тимот.

Се вчитува...