Роналдиња доаѓа во мак-фудбалот

Бразилската интернационалка Ана Беатриз Тарантино Роналдиња е најновот засилување на женскиот фудбалски клуб Љуботен, потврдија од клубот. Станува збор за 22-годишна фудбалерка која игра во нападот, а ќе го засили тетовскиот клуб во јануарскиот преоден рок.

„Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме првата бразилска фудбалерка во Прва Македонска Фудбалска лига за жени Ана Беатриз Тарантино со уметничко име Роналдиња, поранешна  членка на Васко де Гама, и доскорешен член на ФФЦ Вордерланд, Австрија. Роналдиња ќе преставува капитално засилување во остварување на целта!“, стои во соопштението од клубот. 

Се вчитува...