Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, по шест месеци, конечно е пуштен на слобода од домашен притвор во Парагвај, откако беше уапсен во март под обвинение дека користел фалсификувани патни документи за да влезе во земјата.
Бразилецот заедно со неговиот брат најпрво минаа еден месец во затвор, а потоа и четири месеци во домашен притвор во хотел во Асунсион. Сега и двајцата се ослободени, со кауција од по 200.000 долари.
Во текот на постапката против Роналдињо и неговиот брат, обвинителите се изјаснија дека Роналдињо не знаел дека патува со фалсификуван пасош, но за сето тоа знаел неговиот брат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА