Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо сега е подготвен да заплива и во кошаркарски води, и тоа како ко-сопственик на францускиот првак Монако кој се наоѓа во сериозни финансиски проблеми.
„Кнезовите“ се наоѓаат пред исчезнување од кошаркарската мапа откако не добија лиценца за натпреварување во француското првенство, а им се заканува и исклучување од Еврокупот, откако веќе останаа без билет за Евролигата.
Спас гледаат токму во Роналдињо, кој е предводник на инвестицискиот фонд „Клејтон Спорт“ од Андора, кој денеска испрати и официјална понуда за да го преземе раководењето со поранешниот вицешампион на Европа.
Извршниот директор на Монако, Олексеј Јефимов има рок до 14 август да најде купец за клубот, а главен ривал на Роналдињо е поранешниот НБА-кошаркар Џамал Мешбурн, кој со својот конзорциум „Хелен Холдингс“ исто така испрати понуда да го преземе раководењето со поранешниот евролигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
